Малопродажната цена на нафтените деривати ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, освен на еуросуперот БС-95, чија цена се покачува за 2,5 денари по литар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот на редовната седница посветена на корекција на цените на горивата. Согласно одлуката, новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 81,00 денари за литар, додека литар еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83 денари. Литар еуродизел од ноќеска ќе се продава по 70 денари, додека новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59 денари.
Малопродажната цена на нафтените деривати ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, освен на еуросуперот БС-95, чија цена се покачува за 2,5 денари по литар.
Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот на редовната седница посветена на корекција на цените на горивата.
Согласно одлуката, новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 81,00 денари за литар, додека литар еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83 денари.
Литар еуродизел од ноќеска ќе се продава по 70 денари, додека новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг, со што новата цена на М-1 НС изнесува 41,883 денари за килограм.